Свет
Норвешка ја зголемува воената помош за Украина
30.04.2024 20:48
Норвешка годинава ќе ја зголеми својата воена помош за Украина за седум милијарди круни...

Норвешка годинава ќе ја зголеми својата воена помош за Украина за седум милијарди круни (околу 590 милиони евра), на 22 милијарди круни (1,9 милијарди евра), најави денеска премиерот Јонас Гар Стор.
Парите за тоа се од прераспределбата на повеќегодишната помош на Норвешка од 75 милијарди круни за цивилна и воена поддршка за Украина во 2023-2027 година.
„Тоа е прашање на живот и смрт за населението во Украина“, изјави премиерот Сторе, опишувајќи ја неизвесната ситуација на фронтот.
