Израел

Нетанјаху категоричен, трупите ќе влезат во Рафах

01.05.2024 09:10

Израелска делегација во Каиро го разгледува одговорот на Хамас. но со, или без договор, Нетанјаху категоричен дека трупите ќе влезат во Рафах. Целите на војната мора да се постигнат. Блинкен ја завршува блискоисточната турнеја во надеж дека ќе го унапреди примирјето...

Израелска делегација во Каиро го разгледува одговорот на Хамас, но со, или без договор, Нетанјаху категоричен дека трупите ќе влезат во Рафах. Целите на војната мора да се постигнат.

„Немаме друг избор. Таму ќе ги уништиме баталјоните на Хамас, ќе ги завршиме сите цели на војната и ќе ги вратиме нашите заложници“, изјави Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Државниот секретар на САД, во Тел Авив ја завршува блискоисточната турнеја во надеж дека ќе го унапреди примирјето и ќе го предомисли Тел Авив за плановите во Рафах.

„Нашиот фокус во моментов е на примирјето и враќањето на заложниците, тоа е најважно и верувам остварливо. Израел покажаа дека се подготвени за компромис, изјави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

Генералниот секретар на ООН, Гутереш, со апел, Израел и Хамас да постигнат договор пред „неподносливата ескалација“ да се закани да ја прошири војната во Газа. Во меѓувреме, американската полиција ги расчисти пропалестинските протести и уапси десетици демонстранти кои го окупираа универзитетот Колумбија.