Европска унија

Дваесет години од проширувањето на ЕУ на исток

01.05.2024 09:20

Дваесет години од големото проширување на ЕУ познато како „Биг Бенг“ кога бројот на земји членки на унијата преку ноќ се зголеми од 15 на 25...

Дваесет години од големото проширување на ЕУ познато како „Биг Бенг“ кога бројот на земји членки на унијата преку ноќ се зголеми од 15 на 25. Континентот беше повторно обединет, 15 години по падот на ѕидот и крајот на советската власт во Источна Европа.

Пред 20 години, од Естонија на север до Словенија на југ се славеше со народни фестивали и огномет, славенички говори и кревање рампи. Примени беа и медитеранските острови Малта и Кипар.