Кина

Се урна дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг, има загинати и повредени

01.05.2024 09:30

Спасувачките екипи пронашле 18 возила по урнатините...

Најмалку 19 лица загинаа, а 30 се повредени откако дел од автопат се урна во јужната кинеска провинција Гуангдонг, соопштија властите.

Спасувачките екипи пронашле 18 возила по урнатините. Изминатите денови регионот беше зафатен од обилни врнежи и поплави кои наместа предизвикаа и свлечишта.