Одбележување
Меѓународниот ден на трудот ССМ ќе го одбележи со протест
01.05.2024 09:39
Работниците се соочуваат со сè поголем притисок за својата егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати, велат од ССМ...

На меѓународниот ден на трудот, традиционално, Сојузот на синдикатите на Македонија на протест. Велат дека работниците се соочуваат со сè поголем притисок за својата егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати.
Се бара враќање на трошоците за храна и превоз во износ од 20 проценти од просечната плата и зголемување на минималецот на најмалку 450 евра, уште во првите 100 дена на новата влада.
Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.
