В среда и четврток прскање против ларвите од комарци

23.06.2014 11:14

Прскање во истиот временски период ќе биде повторено и следниот ден, на истите места...

Градот Скопје известува граѓаните дека в среда и четврток ќе изврши втора авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот.

В среда од 5 до 11 часот ќе се врши авионско прскање, со кое ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини на територијата на градот и во неговата околина, како и реката Вардар.

Прскање во истиот временски период ќе биде повторено и следниот ден, на истите места.

Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање, тоа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни за тоа, а повтореното прскање ќе се изврши потоа.