Коалицијата „Твоја Македонија“ на митинг во Струмица
Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска - Давкова, на митингот во Струмица подвлече дека како партија не шират екстремен национализам, туку граѓански концепт, додека лидерот Христијан Мицкоски на Али Ахмети му порача да ги спакува куферите и замине во опозиција. Багери на ДУИ нема да копаат рудници во струмичко подвлече пак носителот на листата во ИЕ4 Александар Николоски...

ВМРО-ДПМНЕ не шири екстремен национализам како што други сакаат да не обвинат, туку ние практикуваме либерален национализам. Ние не зборуваме дека државата е само на Македонците оти тоа е реализирана цел, тука сега зборуваме за граѓански концепт. Вака истакна претседателскиот кандидат на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Гордана Силјановска Давкова
Али Ахмети да си ги спакува куферите и замине во опозиција
Народот е незадоволен и револтиран затоа што сега лошо живее и нема пари да си ги плати сметки за струја, затоа што животниот стандард е уништен, рече во Струмица лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на Али Ахмети му порача да си ги спакува куферите и замине во опозиција.
Носителот на листата во ИЕ4, Александар Николоски, подвлече дека власта уништи сè и ја рашири корупцијата насекаде. Како партија, нема дозволат да се копаат рудници во струмичко и да вртат багери на ДУИ.
На митингот во Струмица зборуваа и кандидатите за пратеници Јадранка Поцкова, Жан Дрвошанов и Ели Панова.
Ване Трајков
