МВР

Претрес во Стојаково, пронајдена дрога, приведено едно лице

01.05.2024 11:04

На 30.04.2024 во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково...

На 30.04.2024 во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково, информираат од МВР.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.