Избори 2024

„Вреди“ до Управниот суд поднесе тужба на одлуката на ДИК

01.05.2024 11:23

Од Управниот суд известија дека е оформен предмет по поднесена тужба од кандидатот за претседател Арбен Таравари, а јавната расправа ќе се одржи попладне...

Овластен претставник на коалицијата „Вреди“ до Управниот суд синоќа поднесе тужба на одлуката на Државната изборна комисија, со која беше одбиен нивниот приговор за поништување на гласањето на избирачко место во Липково.

Од Управниот суд известија дека е оформен предмет по поднесена тужба од кандидатот за претседател Арбен Таравари, а јавната расправа ќе се одржи попладне. Според Изборниот законик, тужбата се разгледува во рок од 48 часа од приемот.

Одлуката на Управен е конечна. Од Државната изборна комисија информираа дека конечните официјални резултати од првиот круг на претседателските избори ќе ги соопштат веднаш или најдоцна за 24 часа по завршување на целата постапка.

.