Грузија

Грузиската полиција се судри со демонстрантите во Тбилиси кои се против законот за „странски агенти“

01.05.2024 12:35

Митингот прерасна во насилство откако силите на редот ја попречија толпата да го пробие кордонот и да се приближи до влезовите на зградата на парламентот каде што се одвиваше второто читање на законот...

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Тбилиси кои се собраа против предлог-законот за транспарентност на странското влијание.

Митингот прерасна во насилство откако силите на редот ја попречија толпата да го пробие кордонот и да се приближи до влезовите на зградата на парламентот каде што се одвиваше второто читање на законот. Со водени топови и солзавци се обидоа да ја растераат толпата, при што десетици луѓе беа претепани и уапсени.

Неколкунеделните протести ескалираат поради владејачката одлука да се воведе законот за „странски агенти“ сличен како оној во Русија кој ќе ја оддалечи Грузија од патот кон ЕУ.