Чолиќ, Бајага, Џајковски, "Сарс" и "Амадеус" на струмичкиот Опен Фестивал во август

23.06.2014 11:28

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, Бајага и инструктори, Кирил Џајковски, бендовите "САРС" и "Амадеус" ќе гостуваат на третиот по ред "Струмица опен фестивал" кој ќе се одржи од 7 до 17 август во Струмица.

На фестивалот ќе има 28 културно-уметнички и забавни настани кои ќе се одржуваат на отворено на десет сцени. Последните три дена се резервирани за музичките концерти. На 15 август на Струмичкиот плоштад ќе настапат млади струмички таленти, Тајзи, Бајага и инструктори и Кирил Џајковски. Следниот ден на програмата се Драган Мијалковски, Бени "Нон стоп", бендовите "САРС" и "Амадеус", додека последниот ден е резервиран за "Дивизија", Дивајн, Александра Јанева и за Здравко Чолиќ.

Ланскиот струмички фестивал го следеле околу двесте илјади посетители.