Меѓународен Ден на трудот

За 1-ви мај традиционално, едни на протест, други на излет во природата

01.05.2024 18:03

Полни беа излетничките места на Денот на трудот. Многумина ги споија празниците, па во долги колони чекаа да заминат покрај море…

Додека некои беа на протест, други за први мај во природа, трети ги врзаа празниците па отпатуваа во странство. На главниот граничен премин кон Грција колони возила.

Многу скопјани го искористија убавото време за да се качат на Водно. Таму ја сретнавме и госпоѓа Милена – таа вели, се изместија работите, некои одвај крпат, други се богатат на туѓ грб, која се потсети како порано се прославувал меѓународниот ден на трудот.

И ако некогаш без скара не можеше да се замисли одбележувањето на 1-ви мај, годинава на Водно, празникот се одбележуваше поскромно. Многу луѓе се решија наместо скари да планинарат, да пешачат и да уживаат во природата.

 

Александра Велинова