Индонезија
Ерупцијата на индонезискиот вулкан Маунт Руан предизвика евакуација
01.05.2024 18:36
Нивото на тревога е подигнато на највисоко ниво откако за две недели активноста на вулканот значително се зголеми исфрлајќи речиси два километри пепел на небото...

Десетици Индонезијци се евакуирани по новата ерупција на вулканот Маунт Руанг во провинцијата северен Сулавеси.
Нивото на тревога е подигнато на највисоко ниво откако за две недели активноста на вулканот значително се зголеми исфрлајќи речиси два километри пепел на небото.
Поради намалената видливост, авиосообраќајот е прекинат, а меѓународниот аеродром затворен.
