велики четврток

Денеска е Велики четврток, почнува чествувањето на Велигден

02.05.2024 07:52

Почнаа подготовките за еден од најголемите христијански празници, Велигден. Главен обичај на Велики четврток е бојадисувањето јајца …

Денеска православните христијани го одбележуваат Велики четврток, четвртиот ден од страдалната недела пред големиот христијански празник, Воскресението на Христос, Велигден. Велики четврток уште е нарекуван и чистиот четврток, односно денот кога се одржала Тајната вечера. На овој ден Христос упатил молитва кон Бога и на Велики четврток настанува предавството на Јуда.

Симбол на Велигден се црвените јајца. Од рано изутрина домаќинките бојадисуваат три јајца. Црвеното јајце во христијанството е симбол на Воскресението Христово. Формата го претставува гробот на Христос, а црвената боја ја означува крвта на Синот Божји.