Москва напаѓа, Киев возвраќа
Рускиот министер за одбрана Шојгу нареди поголема и побрза испорака на оружје на фронтот...

Се интензивира битката за Часов Јар-стратешкото упориште на Украинците. Москва распореди 25 илјади војници во близина на градот. Рускиот министер за одбрана Шојгу нареди поголема и побрза испорака на оружје на фронтот. Киев тврди дека украинските сили уништиле два руски противвоздушни системи „бук“ во областа суми и дека погодиле две рафинерии на руска територија.
Зеленски соопшти дека работи на 7 нови безбедносни договори со сојузниците, вклучително и еден со САД.
„Подготвуваме седум нови безбедносни документи за нашата земја – оружје, финансии, политичка соработка. Веќе имаме прелиминарни текстови на некои од нив – тие ќе бидат нашата безбедносна структура додека влеземе во НАТО“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
