Продолжуваат израелските напади во Појасот Газа
Се очекува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот...

Израел ги продолжува воените акции и рации во Газа и на Западниот брег. Се очекува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот. Иако најновиот предлог го оценија негативно, велат, тоа не значи дека преговорите се прекинати. Вашингтон бара од Тел Авив да се откаже од офанзивата на Рафах, а Хамас без одложување да го прифати договорот за примирје.
„Израел направи важни компромиси во предлогот што е на маса, демонстрирајќи желба и подготвеност да го постигне овој договор. Хамас треба да одлучи дали ќе ја искористи оваа понуда и ќе ја унапреди ситуацијата за која тврди дека се грижи. За Рафах, нашиот став е јасен и непроменет“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Од друга страна, Нетанјаху не сака да го повлече планот за напад на пренаселениот град на југот. Одбраната е на готовс.
„Решени сме да преземеме каква било акција за да ги вратиме нашите заложници, тоа е морално исправно и е воена цел. По мои инструкциите, генералштабот се подготвува да изврши каква било оперативна мисија во областа Рафах“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.
Хамас предупреди дека ќе ги напушти преговорите доколку Израел ја преземе ветената инвазија во Рафах.
