Велигден

Почнуваат велигденските празници

02.05.2024 08:25

Рано изутрината се вапсаа велигденските јајца. Црвени, пред изгрејсонце. Почнаа големите подготовки за најрадосниот празник, Христовото воскресение-Велигден...

Се вапсаа првите велигденски јајца. Црвени. Пред изгрејсонце, првите сончеви зраци да ги осветлат и да ги помилуваат. Почнаа големите подготовки за најрадосниот празник – Христовото воскресение.

Црвеното јајце ќе ги помилува лицата на децата за да бидат здрави и црвени.

Утре е најтажниот ден. На велисабота се последните подготовки и ќе се чека полноќ за да се прослави Христовото воскресение. Во Прилеп е традиција да се купи нешто ново за Велигден. На трпезата ќе седне целото семејство.

Велигден останува најрадосен празник, а традициите се длабоко вкоренети во народот.

 

Елизабета Митреска