ОН
Советот за човекови права на ОН денеска ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
02.05.2024 08:39
Македонија е една од 14-те држави што треба да бидат прегледани од страна на работната група на универзалниот периодичен преглед на седницата, што се одржува од 29-ти април до 10-ти мај...

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите нации денеска на состанок во Женева по четврти пат ги разгледува податоците за состојбата на човековите права во земјава.
Македонија е една од 14-те држави што треба да бидат прегледани од страна на работната група на универзалниот периодичен преглед на седницата, што се одржува од 29-ти април до 10-ти мај.
Македонска делегација предводена од министерот за надворешни работи Османи присуствува во Женева. Тројката известители за преглед на човековите права во земјава се Албанија, Бенин и Финска.
