Кина

Бројот на жртви по уривањето на автопат во Кина се искачи на 36

02.05.2024 08:44

Во несреќата се повредени уште десетиците други, но ниту еден не е во живото загрозувачка состојба-потврдија здравствените власти...

Бројот на жртви по уривањето на автопатот во јужна Кина во провинцијата Гуангдонг се искачи на 36. Властите соопштија дека досега се извлечени 23 возила од под урнатините.

Екипите продолжија со расчистување на теренот.

Во несреќата се повредени уште десетиците други, но ниту еден не е во живото загрозувачка состојба-потврдија здравствените власти.