ССНМ денеска организира крводарителска акција
По повод Светскиот ден на слободата на медиумите денеска во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (Даре Џамбаз) изјави за медиумите ќе дадат претседателот на ССНМ, Павле Беловски, директорот на ЗНМ, Драган Секуловски и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска организира крводарителската акција во рамки на одбележувањето на 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.
По повод Светскиот ден на слободата на медиумите денеска во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (Даре Џамбаз) изјави за медиумите ќе дадат претседателот на ССНМ, Павле Беловски, директорот на ЗНМ, Драган Секуловски и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.
Хуманата акција, како што информираат од ССНМ, ќе се одвива координирано на неколку локации во Скопје, Битола, Струмица и Штип, во терминот од 08:00 до 14:00 часот.
Акцијата се одржува со поддршка на Здружението на новинарите на Македонија и на Црвениот крст на Македонија.
Фото:/ ССНМ
