ЦУК: Три пожари на отворено
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Крушево од 15.45 до 19.30 часот, со едно ПП возило и три пожарникари и еден вработен и едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Липа“ од Крушево, интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од еден хектар кај месноста „Белушки ливади“.

Три пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Крушево од 15.45 до 19.30 часот, со едно ПП возило и три пожарникари и еден вработен и едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Липа“ од Крушево, интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од еден хектар кај месноста „Белушки ливади“. Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата од ТППЕ Берово, дека од 12.40 до 13.15 часот, со еден пожарникар и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во реонот на селото Будинарци, на месноста „Ленишка Река“. Регионалниот ЦУК Тетово известува дека пожарникарите од ТППЕ Гостивар со едно ПП возило и два пожарникара, интервенирале на запалено ѓубриште кај пунктот за патарината на автопатот Гостивар-Тетово, појаснуваат од ЦУК.
Од ЦУК соопштуваат и дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Нагласуваат дека треба да бидат исчистени каналите од отпадоци, бидејќи насобраниот отпад при поројна вода, често создава брани и се запушуваат каналите, а тоа доведува до излевање на водата од коритата и поплавување на околината.
