Специјалните единици на АРМ

08.12.2013 22:22

Во Америка се зелените беретки, во Британија-САС, а Македонија ги има Волците и Ренџерите, армиски специјалци кои се тренирани и обучени за извршување најсложени задачи. За да биде дел од тимот, секој припадник поминува низ строги психофизички тестови. Мора да се биде многу повеќе од обучен воин,а армиските специјаци се најдобрите. Најголем дел од припадниците во Полкот за специјални операции биле дел од борбените мисии во Ирак и во Авганистан. За себе не сакаат многу да говорат пред камера. Кусо велат-ако не можете да функционирате како тим тогаш нема да издржите долго.

Справувањето со тероризмот и организираниот криминал, етничките судири и конфликтите се обележје на новото време. Армиските специјалци се создадени за одржување и за чување на безбедноста на државата, а нивните членови се подготвени да се справуваат со новиот вид безбедносни предизвици. Република Македонија, во рамките на трансформацијата на оружените сили, им дава примат на специјалните единици, како императив  во преструктуирањето  според стандардите на НАТО.

Покрај физичката сила и обуката за ракување со секакво оружје, Волците и Ренџерите имаат и завидно ниво на интелектуална способност како и беспрекорни резултати во извршувањето на поставените задачи.
 
Милчо Велески