мвр

34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

02.05.2024 10:16

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 34 мерки за возење под дејство на алкохол и тоа: 15 на подрачје на Битола, 11 на подрачје на Ресен, 3 во Македонски Брод, по 2 мерки во Прилеп и Крушево и 1 мерка на подрачје на Демир Хисар.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.