Шкендија нов лидер на табелата во ПМФЛ
02.05.2024 10:22
Тетовци ги искористија вчерашните киксови на Струга ТЛ и на Шкупи и се искачија на првата позиција на три кола пред крајот на домашното првенство.
Шкендија е најголем добитник во 30. коло на Прва македонска фудбалска лига. Тетовци ги искористија вчерашните киксови на Струга ТЛ и на Шкупи и се искачија на првата позиција на три кола пред крајот на домашното првенство.
Значајни бодови во борбата за опстанок освоија Вардар и Воска со гостински победи над директните ривали во долниот дел на табелата.
Табела: Шкендија 58 бодови, Струга ТЛ 58, Шкупи 58, Тиквеш 42, Силекс 41, Гостивар 40, Работнички 38, АП Брера 37, Воска Спорт 37, Вардар 32, Македонија ЃП 26, Брегалница 26.
Извор/ Фото: МИА