Задолжително автомобилско осигурување

АСО: Владата да го измени тарифникот, зголемувањето на цените е неоправдано

02.05.2024 10:47

Агенцијата за супервизија на осигурувањето останува на анализата дека потегот на осигурителните компании за зголемување на осигурувањето за задолжителна автомобилска одговорност е целосно неоправдан.

Од Агенцијата за супервизија на осигурување соопштија дека ѝ сугерирале на Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително автомобилско осигурување.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето останува на анализата дека потегот на осигурителните компании за зголемување на осигурувањето за задолжителна автомобилска одговорност е целосно неоправдан.

Во аргументите доставени до Министерството за финансии, Агенцијата наведува дека зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување.