Избори 2024

Управниот суд ја прифати жалбата на „Влен“

02.05.2024 13:07

Валбон Лимани од коалицијата „Влен“ денес на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата за полнење кутии во Липково…

Управниот суд ја прифати жалбата на коалицијата „Влен“ за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена, соопшти Валбон Лимани од коалицијата.

Според Лимани, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата.