„Вреди“: Разговори за коалицирање после изборите
Управниот суд ја одобри тужбата на Арбен Таравари за изборни нерегуларности. Тие денеска на прес-конференција изразија задоволство од одлуката. Рекоа дека чекаат изборите да завршат за да почнат сериозните разговори за коалицирање …

Судот ја прифати жалбата на коалицијата „Вреди“ за „бугарскиот воз“ во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ, објавија од коалицијата. Валбон Лимани на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата „Вреди“ за полнење кутии во Липково.
Според Лимани, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24-ти април и чинителите да се изведат пред правдата за кражбата на гласови.
„По парламентарните избори на 8-ми мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата „Вреди“ нема да краде или купува гласови“, рече Лимани.
Завршен митинг на 6-ти мај во Тетово
На градскиот плоштад во Тетово на 6-ти мај коалицијата „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг за парламентарните избори на 8-ми мај, изјави лидерот на Беса, Касами. Побара од Артан Груби да се повлече и да не ги провоцира граѓаните бидејќи одговорот ќе дојде на 8-ми мај.
Ние категорично сметаме дека во оваа држава треба да важат законите за сите. Артан Груби не е тој кој одредува кој и кога ќе одржи предизборни митинзи. Не сме во полициска држава. И со ова Артан Груби и ДУИ покажуваат дека се со паметот на Путин, со размислувањето на Русија-рече Касами.
Нема одлука кој претседателски кандидат ќе го поддржат
Коалицијата „Вреди“ нема одлука да поддржи некој од претседателските кандидати во вториот круг од изборите на 8-ми мај. Ќе ги повикаат своите гласачи да излезат на гласање и на вториот круг и на парламентарните избори, велат од „Вреди“.
Органите на коалицијата ќе заседаваат и ќе се излезе со јавно јасен став, но пред сè е правото на избор на нашите гласачи, велат од коалицијата.
„Вреди“ ќе разгледува по изборите на 8-ми мај во која владина коалиција би се приклучиле.
Ирина Гелевска
