МВР

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи Неготино и Кавадарци подготвени за изборите на 8-ми мај

02.05.2024 14:16

Бојмацалиев исто така истакна дека финансиите за бонус плата се обезбедени и ќе бидат исплатени по завршување на техничката Влада...

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, беа во работна посета на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес каде што остварија работни средби со  раководствата на Одделенијата за внатрешни работи во Неготино и  во Кавадарци во рамки на серијата посети во сите сектори ширум земјава.

„Од страна на раководството  на овие организациони единици  бев брифиран за постигнатите резултати  изминативе три месеци од оваа година ја оценивме безбедносната состојба поволна“, рече Бојмацалиев. Притоа, тој истакна дека колегите се подготвени за Претседателските и Парламентарните избори 2024, во насока на професионално извршување на своите надлежности.

Бојмацалиев исто така истакна дека финансиите за бонус плата се обезбедени и ќе бидат исплатени по завршување на техничката Влада, во износ од 36.000 денари.