ДСЗИ повторно констатира неправилности на Клиниката за токсикологија
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката. Ваквиот чекор на ДСЗИ следува откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки...

Клиниката за токсикологија не ја почитувала опомената на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, здравствените работници и соработници продолжиле да доаѓаат на работа и да се грижат за пациентите. Затоа ДСЗИ денеска издаде забрана лица коишто немаат договор со Клиниката во иднина да не смеат да извршуваат никакви работни задачи.
Ако не се почитува забраната издадена од ДСЗИ ќе има казни за двајцата директори и институцијата. Ќе ја врати ли некој Клиниката за токсикологија на колосек, е прашањето за здравствените власти. Комуникацијата со организациската директорка се одвива со преведувач бидејќи не го говори македонскиот јазик. Таа има и свое толкување зошто не го потпишала претходното решение на ДСЗИ.
Случувањата на Токсикологија не се во интерес ниту на вработените ниту на пациентите, чиј број е зголемен по долгите пости и прејадување на Велигден.
Наташа Јанчиќ – Менковски
