ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и МЕПСО доделија 14 стипендии на студенти на ФЕИТ

23.06.2014 12:20

Традиционално трите компании им доделија стипендии на студентите од прва година на електро-енергетските насоки, кои навреме ја завршиле годината со просек над 8,0...

Енергетските компании Eлектрани на Mакедонија, ЕВН – Македонија и  МЕПСО доделија вкупно 14 стипендии на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Традиционално трите компании им доделија стипендии на студентите од прва година на електро-енергетските насоки, кои навреме ја завршиле годината со просек над 8,0.

Факултетот за електротехника и информациски технологии им додели награди  и признанија и на студентите кои завршиле прва, втора или трета студиска година со просек девет или повисок, како и на учесниците на домашни и на меѓународни натпревари.