Ромите против корупција и насилство
Марш против корупцијата и насилството. Фондацијата „Ромите за демократијата“ вели дека на првиот изборен круг имале закани и поткуп во Струмица. Министерот за внатрешни работи им вети дека тоа нема да биде случај и во вториот круг.

Марш во организација на Фондацијата „Ромите за демократија“ против предизборни притисоци и поткуп.
Обезбедување на набљудувачката безбедност и слобода на гласовите на Ромите побараа претставниците на фондацијата. Пред МВР тие апелираа за зајакнување на полициската присутност за време на изборниот процес на 8-ми мај, посочувајќи дека нивните набљудувачи во Струмица на првиот круг претседателски избори се соочиле со закани и обиди за физичко насилство. Посочија дека инцидентите се уредно пријавени до надлежните служби ден потоа.
Остварија средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој вети безбедност на сите учесници во изборниот процес и зголемена присутност на полициските сили со цел овозможување на фер и демократски изборен ден.
„Сите несакани пријави да бидат формално процесуирани до МВР и директорот за јавна безбедност и да ги контактира тие лица. Информациите од оперативниот штаб работи на детектирање на сторителите, зголемување на нашите сили во делот на оние места каде што во првиот круг е евидентиран настан несакан. Мој личен да се зголеми максимално бројот на припадниците“, изјави Тошковски.
Тошковски изрази надеж дека ќе се зголеми нивниот број на набљудувачи во рамките на законските можности.
Марина Стојанова-Тонева
