ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изборната кампања
ВМРО-ДПМНЕ вети гасовод Свети Николе-Велес, изградба на градинка во Свети Николе и финансии за општината, носителот во ИЕ 3, Ковачки вети субвенции и за земјоделците...

Бојкотот на вториот круг од претседателските избори не е механизам што треба примени, граѓаните треба да ја изразат својата волја бидејќи од нив зависи кој ќе биде иден претседател вели претседателскиот кандидат Гордана Силјановска- Давкова. Вели дека таа ќе биде претседател кој е над партиски и ќе работи во интересот на сите граѓани. Доколку стане шеф на државата првото нешто што ќе го направи е да ги повика поранешните претседатели за како што вели Силјановска да се консултира и да побара совет од нив заради како што вели научените лекции од минатото. Кандидатката за претседател Силјановска-Давкова не се согласува со ставот на Бујар Османи дека влада без Бадентерово мнозинство не може да има, на изборите има еден победник не двајца. Според неа Бадентер треба да се употребува во исклучителни моменти за прашања поврзани со културата и идентитетот, а формирањето на владата не е такво прашање вели кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Гордана Силјановска-Давкова вели дека земјава треба да добие влада како сто има во европските држави, а во парламентот да има претставници од сите партии.
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе, меѓу другото, предвидено е и гасовод до Велес, реконструкција и проширување на пат и градинка и 8 милиони евра за општината. За земјоделците ќе бидат издвоени 800 милиони евра за директни субвенции и чистење на водоснабителните системи, вели Драган Ковачки, носител на листата во изборната единица 2.
Нашите земјоделци, но и сите наши граѓани заслужуваат подобар живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Апелираат граѓаните на 8-ми ми мај да ја донесат како што велат, долгоочекуваната победа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Макеодонија“ во програмата за парламентарните избори нуди 1.198 проекти, во дел од нив и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби.
Според коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ овие проекти и решенијата се насочени кон луѓето, програмата е реална и остварлива со главен фокус кон економијата и животниот стандард. Платформа 1198 нуди нова надеж и определба дека државата која е одземена од неодговорната власта се враќа кај народот велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Андријана Ѓурческа
