Велики Петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството
Со строг пост, во мир и во молитви, православните верници го одбележуваат најтажниот ден за христијаните, Велики Петок – денот на распетието на Исус Христос...

Велики Петок е денот кога е распнат спасителот и претставува симбол на Христовите страданија. Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.
За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.
Велики Петок се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.
