Русите напредуваат, Киев бара итна помош
Продолжуваат жестоките борби на истокот на Украина. Ситуацијата на фронтот се влошува-вели Киев...

Продолжуваат жестоките борби на истокот на Украина. Ситуацијата на фронтот се влошува-вели Киев, иако одбранбените линии сè уште се цврсти. Москва тврди дека напредува во правците на Авдиеевка, Очеретин и Часов Јар. Зеленски бара брза испорака на помошта. Шефот на британската дипломатија ја повтори поддршката за Украина при посетата на Киев велејќи дека ја дале „најголемата количина на опрема“ досега.
„Благодарен сум на Американскиот конгрес за одлуката, но брзината на испорака и имплементација на одлуките е исто така нешто што не треба да биде проблем. Чекаме за оружјето да пристигне во Украина за нашите воини за да можеме да вршиме притисок и да ги постигнеме нашите цели. Окупаторите мора да ја изгубат способноста да добијат што било за себе“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Обединетото кралство е апсолутен предводник во тоа како ја поддржуваме Украина. Три милијарди фунти секоја година онолку долго колку што е потребно. Навистина дадовме сè што можеме во однос на помошта, а дел од тоа веќе и пристигна“, изјави Дејвид Камерон, министер за надворешни работи на Велика Британија.
