Бразил

Расте бројот на загинати во поплавите на југот на Бразил

03.05.2024 09:06

Над 30 лица го загубија животот, а десетици се водат за исчезнати во поплавите во јужен Бразил...

Над 30 лица го загубија животот, а десетици се водат за исчезнати во поплавите во јужен Бразил. Спасувачките екипи со хеликоптери ги извлекуваат луѓето заглавени на покривите од домовите. Околу 15 илјади жители се евакуирани. Големото количество вода предизвика уривање и на браната на хидроелектраната во Рио Гранде ду Сул, оставајќи најмалку 500 илјади домаќинства без струја и вода за пиење.

„Веќе жалиме за сите смртни случаи кои не се евидентирани, а ќе ги има многу, главно поради свлечишта и луѓе кои се на непристапни места повеќе од 48 часа. Работиме напорно да стигнеме до секоја локација“, изјави Едуардо Леите, гувернер на Рио Гранде ду Сул.

„Министерката за животна средина не предупреди за климатскиот проблем, за фактот дека честопати ние луѓето сме виновни за она што го гледаме. Природата се манифестира, а кога природата се бунтува, знаеме дека штетата е голема“, изјави Луис Инасио Лула да Силва, претседател на Бразил.