Светски ден на слобода на медиумите
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на слободата на медиумите...

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на слободата на медиумите.
Новинарите и медиумските работници секојдневно храбро ја практикуваат својата слобода на изразување, често под голем личен ризик, при што независното новинарство засновано на факти помага да се заштитат демократиите преку разоткривање на неправдите, барање на одговорност од лидерите и овозможување граѓаните да носат одлуки базирани на информации, истакна еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Борел во пораката по повод одбележувањето на 3-ти мај – Денот на слободата на медиумите.
Додаде дека годинава, кога се одржуваат избори во повеќе од 60 земји во светот, работата на новинарите е позначајна од било кога.
