Избори 2024

Коалицијата „Твоја Македонија“ продолжува со двојната кампања

03.05.2024 16:40

Мора да се движиме напред со вистински решенија за проблемите, посочи кандидатот за претседател на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова во интервју за МТВ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак од митингот од Тетово истакна дека државата е управувана од стотина луѓе кои ги запоседнале институциите и грубо ги злоупотребуваат.

Ќе бидам претседателка на сите, ние мора да ја менуваме реалноста и да градиме решенија и стандарди со кои ќе станеме слични на европските држави, порача кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска- Давкова во интервју за МТВ.

Да престанеме со радикални изјави кои ги имаме и во кампањата, дополни Силјановска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак од митингот во Тетово рече дека по победата на коалицијата „Твоја Македонија“ и формирањето на новата влада, значаен процент од буџетот ќе оди за развој и решавање на децениските инфраструктурни проекти во западна Македонија.

На народот им е преку глава од криминалот на актуелната власт, изјави од митингот во Тетово носителката од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица шест, Дафина Стојаноска.

Народот на овие избори ќе ги казни СДСМ и ДУИ оти тие никогаш не ги слушаа граѓаните, дополни Стојановска.

 

Зоран Димовски