Одбележување и комеморација на годишнината од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ наречена „Будење“
Годишнина од масовното убиство во Основното училиште „Владимир Рибникар“ во Белград. Голем број граѓани, роднини и родителите на убиените деца утринава им оддадоа почит на жртвите...

Голем број граѓани, пријатели, роднини и родители на убиените деца утринава се собраа пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде им оддадоа почит на жртвите, запалија свеќи и се потпишаа во книгата на сеќавањето на деветмината убиени ученици и училишниот чувар пред точно една година.
На самиот влез во училиштето беше поставена просторно-уметничка инсталација „превез на плачот“ на која беа испишани имињата на сите жртви од училиштето Рибникар, кои на 3-ти мај 2023 година беа убиени од малолетниот К.К., ученик од тоа училиште.
Во 08:41 часот медиумите ги прекинаа телевизиските и радио програмите во Србија, кога К.К. почна да ги убива соучениците.
На споменикот на Десанка Максимовиќ во Ташмајдан, од 9 до 19 часот, се организираше Форум на која граѓаните разговараа со претставници на Мултидисциплинарниот тим за прашања поврзани со причините и последиците од масовните убиства. Беа достапни и кутии за пораки, кои ќе им овозможат на граѓаните да презентираат предлози кои ќе се користат во процесот на развивање идеи за идниот Меморијален центар.
Финалната музичко-сценска програма ќе се одржи во Студентскиот културен центар во 20 часот.
Ученикот К.К. (13) од ОУ „Владислав Рибникар“ на 3-ти мај минатата година со истрели од огнено оружје уби девет ученици и чуварот на училиштето и рани пет ученици и еден наставник. Од трагедијата, поведени се кривични и пет граѓански постапки против родителите на малолетниот К. К.
Еден ден подоцна, 21-годишниот Урош Блажиќ со автоматско оружје уби девет лица во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац.
Оливер Бранковиќ
