Цени

Цените високи, трпезата скромна за Велигден

03.05.2024 14:43

Секој сака да има богата трпеза, но можностите се тие. Мора да се размислува како да се помине месецот, кога според пресметката на ССМ, само за храна и пијалаци потребни се над 22.000 денари...

Продолжува негативната практика за празниците преку ноќ да се качуваат цените на овошјето и зеленчукот, но и на другите производи.

Многу семејства и денот на Христовото воскресение ќе го прослават скромно.

Но некои сепак ќе ја задржат традицијата. Килограм јагнешко се движи над 550 денари.

А има и такви што уживаат и надвор од Македонија.

 

Сузана Трајковска