Празник
Православните верници го одбележуваат Велипеток
03.05.2024 15:10
Денеска е Велипеток. Православните верници ги посетуваат храмовите. Денеска е најтажниот ден во христијанството. Граѓаните ги упатија своите пораки, а обичаите и традициите се силни...

На Велипеток вратите на храмовите отворени за бројните верници. На најтешкиот ден во христијанството атмосферата достоинствена, само со молитви. Граѓаните со желби за мир и спокој во душите, но и меѓу луѓето.
Има разлики меѓу верските и народните обичаи и традиции, вкоренети во народот, но суштината е човештвото, велат.
Привршуваат последните подготовки за Велигден.
Елизабета Митреска
