Предизборни калкулации на политичките партии
Државната изборна комисија ги објави официјалните резултати од првиот круг на претседателските избори. Конечните резултати покажуваат: претседателскиот кандидат Стево Пендаровски освоил 180 илјади 499, за Гордана Силјановска-Давкова гласот го дале 363 илјади 85 граѓани. Уште четири дена кампања, партиите и коалициите со засилени активности, предизборни калкулации кој со кого ќе коалицира...

По 8-ми мај опозициските партии ќе го формираат новиот владинин состав - согласни се аналитичарите. Резултатите од првиот круг претседателски избори кои во пракса се повторуваат и се интензивираат во вториот круг, ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ И коалицијата ВРЕДИ ќе имаат стабилно мнозинство од над 70 пратеници – прогнозира аналитичарот Благојчe Атанасовски.
Според него барањата на ДУИ за формирање на Влада со Бадентерово мнозинство не само што е неуставно, туку преставува и непотребна политичка драма и закани од страна на интегративците. Аналитичарот Лулјзим Фаризи со став дека ДУИ ги поистоветува сите Албанците со партијата, наметнувајќи антиалбански наратив за најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
Фаризи додава дека доколку ДУИ сметала дека бандентеровото мнзоинство било неопходно за состав на Владата, како партија која повеќе од 20 години е дел од властта имала можност да го стори тоа.
Марина Стојанова-Тонева
