Фудбал

Камерун- Бразил

23.06.2014 13:23

Бразил против подготвените  за дома Камерунци! Натпревар без поголема резултатска провокативност! Посебноста на овој дуел е во атмосферата со која во моментов се обвиени двете репрезентации. Бразилците се под силни  удари на јавноста предизвикани од неуверливоста во  двата досегашни настапи, особено безличниот против Мексико.

Во секоја друга прилика  четири бода освоени против селекции како што се Хрватска и Мексико,би биле задоволувачки! Но, Бразил е домаќин амбициите се највисоки, а играта на „Кариоките“ е проблематична и не изненадува силната  критика од медиумите. Камерунскиот состав е исто така ставен на столбот на срамот во својата земја. Особено по катастрофата против Хрватска со 4:0, зачинета со глупостите на одделни играчи како исклучувањето на Алекс Сонг и меѓусебните тешки конфликти на крајот!

Испади недозволени, по кои камерунската фудбалска федерација покрена истрага за случувањата, кои доведоа репрезентацијата со спакувани куфери за дома, да влезе на дуелот против Бразил.Пред две децении на Стенфорд Стадионот во Калифорнија Бразил го порази денешниот противник  со 3:0,Камерунците се пак единствената африканска селекција која во биографијата има победа над великанот, остварена на Купот на Конфедерации во 2003-та со 1:0 со голот на Ето.Вечер во Бразилија актерите ќе истрчуваат  со желба, групната фаза да ја завршат со поголема фудбалска креативност.