СДСМ и коалицијата продолжуваат со предизборните активности
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски имаше средба со граѓаните во скопски Центар. Ја обвини опозицијата дека за трите клучни столба на македонската внатрешна стабилност и интеграција велат дека договорите треба да се поништат, а не кажуваат кој е гарантот за тоа. Членство во унијата е вистинското место отколку да станеме заложници на „белата палата“ порача пак лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на митингот во Радовиш.

Сакам да продолжам со трите клучни проекти кои ги најавив уште во 2019-та година и заради кои ја добив довербата на граѓаните од сите етнички заедници. Вака истакна претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во Скопје според кого членството во НАТО е реализирано, а во следниот мандат ќе работи да се заврши членството во ЕУ и да се посветиме на економскиот развој. Но за реализација на ова подвлече Пендаровски најважни се меѓуетничките односи кои мора да бидат стабилни за да има безбедност внатре во државата и да може да се проектира економски развој. Нема поништување на договори за кои гарантираше меѓународната заедница, кажа Пендаровски
На претстојните избори граѓаните нема да одлучуваат само кој ќе ја води државата туку со гласањето одлучуваме и каде ќе оди нашата држава. Дали ќе продолжиме по патот на Европската унија или ќе станеме заложници на „белата палата“. Вака истакна лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Радовиш. Како што кажа свесен е за казната од граѓаните што стаса на 24-ти април, но нема откажување од европскиот пат.
Во своето обраќање на митингот во Радовиш, носителот на изборната листа на СДСМ во ИЕ 4 Венко Филипче најави поквалитетно здравство, образование подобри услови за младите, а се осврна и на предлогот од ЗНАМ на Максим Димитриевски до раководството на СДСМ. Според него предлогот на ЗНАМ личи како да е пишуван во штабот ВМРО- ДПМНЕ, кажа Филипче.
На митингот во Радовиш говореше и коносителката во 4 ИЕ Јована Трнечвоска која подвлече дека во нивен мандат зголемена е социјалната помош, пензиите, минималната и просечната плата заради што побара поддршка за 8-ми мај. На Митингот во Радовиш говореше и кандидатката за пратеничка Симона Цветановски и Енес Ибрахим од ПДТ.
Ване Трајков
