Македонија

Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“

03.05.2024 16:15

Македонија со скок од две места во однос на лани, од 38. на 36. место и има најдобра оценка споредено со земјите во регионот – Индексот на слободата на медиумите објавен од „Репортери без граници“. Во однос на лани, земјава забележува пад во четири од пет индикатори...

Македонија со скок од две места во однос на лани, од 38. на 36. место и има најдобра оценка споредено со земјите во регионот – Индексот на слободата на медиумите објавен од „Репортери без граници“. Во однос на лани, земјава забележува пад во четири од пет индикатори.

Најголем пад од 5 поени има во политичкиот показател, а пораст има само во показателот за безбедност од над 8 поени. Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостигот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.

Владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, забележува репортери без граници во извештај за Индексот за слобода на медиумите.