Грци нелегално тргуваат со ловечки кучиња од Македонија

23.06.2014 13:40

Две ловечки кучиња од расите „Тробоец“ и „Балканец“,се откриени на граничниот премин Дојран, при контрола на патничко возило со грчки регистарски таблички, на излез од државата. Возачот на возилото, грчки државјанин, се упатил директно на пасошка контрола, без да застане за царинската.

Полицискиот службеник забележал дека во багажниот простор има две кучиња и го прашал возачот дали има документи за истите, на што возачот покажал ветеринарни сертификати со објаснување дека кучињата му избегале и успеал да ги најде на територијата на Република Македонија.

Полицискиот слубеник повикал цариник да изврши проверка со читач на баркод, и во тој момент возачот ја сменил изјавата и  признал дека сертификатите не се за истите кучиња и дека ги купил од македонски државјанин.