Велигден
Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението
04.05.2024 10:06
Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник - Велигден...

Денеска е Велика Сабота, ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник -Велигден.
Точно на полноќ, биењето на камбаните ќе го означи Христовото воскресение. За Христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта, и доброто над злото.
Верниците ги посетуваат црквите, палејќи свеќа со желби за здравје и благосостојба.
