БРАЗИЛ

Жртви и исчезнати по обилните дождови во Бразил

04.05.2024 10:55

Десетици жртви и исчезнати по изобилните дождови што го зафатија најјужниот бразилски регион Рио Гранде до Сул...

Десетици жртви и исчезнати по изобилните дождови што го зафатија најјужниот бразилски регион Рио Гранде до Сул. Најмалку 23 илјади луѓе се раселени.

Според цивилната одбрана, речиси половина од 497 градови се погодени од невремето. Според локалните власти, голем дел од улиците се поплавени, мостовите уништени, а предизвикано е и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала.