Убиен 62 годишен гостиварец

23.06.2014 13:43

Утрово е убиен 62 годишен гостиварец. Полицијата го пронашла застрелан во автомобил. Се трага по сторителите...

Истрелите од огнено оружје ги слушнале жителите на зградите наспроти помошното фудбалско игралиште во Гостивар утрово околу 6 часот и пукањето го пријавиле во полиција.

Веднаш се испратени полициски службеници кои на посоченото место, во возило „Застава 101“ со гостиварски таблички, го пронашле убиен 62-годишниот гостиварец.

„Според сознанијата со кои до сега располагаме, непознат сторител или сторители, откако му по попречиле патот со контејнер, најверојатно  со автоматска пушка дваесеттина куршуми, најпрво во предното стакло на возилото, а потоа и во телото на 62 годишниот гостиварец Ф.С и го усмртиле на самото место, по што најверојатно со возило избегале“, изјави Маријан Јосифовски – Портпарол на СВР Тетово.

Јавен обвинител, екипи од Министерството за внатрешни работи Скопје и Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид, при што фотодокументирани и подигнати за вештачење се повеќе празни чаури и други траги и материјали.

Се превземаат мерки и активности за откривање на сторителот на ова убиство и за расветлување на мотивите за истото, информира полицијата.

Неофицијално дознаваме дека убиениот бил вработен во гостиварското комунално претрпијатие, а повремено работел и како чувар во еден од рибниците во селото Бањица.


Зоран Јованоски