Собрание
Доделена државната награда „Гоце Делчев“
04.05.2024 12:51
Во Собранието доделена државната награда „Гоце Делчев“, признание коешто се дава за значајни остварувања во областа на науката...

Во Собранието доделена државната награда „Гоце Делчев“, признание коешто се дава за значајни остварувања во областа на науката. Годинашни лауреати се професорите Роберт Хадсон и Иван Додовски, за делото „Долга транзиција на Македонија: Од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и Ана Мартиноска и Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963-та година“.
Наградата „Гоце Делчев“ првпат беше доделена во 1949 година, а прв добитник беше Блаже Конески.
