Избори 2024

Дистрибуиран избирачкиот материјал за двојните избори

04.05.2024 15:35

Последни подготовки пред гласањето во вториот круг на претседателските и на парламентарните избори. Во присуство на претставник на ДИК, преземен е доверливиот избирачки материјал од печатницата „Киро Дандаро“...

Доверливиот избирачки материјал за вториот круг претседателски, како и парламентарните избори, целосно е подигнат од битолската печатница „Киро Дандаро“. Неговата дистрибуција до општинските избирачки комисии во присуство на членовите на ДИК и силно полициско обезбедување, започна од раните утрински часови

Под мониторинг на ОБСЕ и Државната изборна комисија изработката на доверливиот избирачки материјал траела 15 дена.

Од печатницата велат дека со оглед на бројот на коалиции и партии кои учествуваат на парламентарните избори за печатење на овие гласачки ливчиња биле потребни 10 денови а двојно помалку за гласачкото ливче за иден шеф на државата.

Подготовките за следниов избирачки процес бараат поголема мобилизација бидејќи одреден временски период изгубивме во решавањето по одредени приговори и тужби вели претседателот на ДИК.

Даштевски рече дека надминат е и проблемот со 140 членови од избирачкиот одбор кои ќе патуваат во декапеата. По претходно доставениот гласачки материјал тие во ДИК денес ќе можат да гласаат од седум до деветнаесет часот.

 

Стевче Митевски